Што претставува графичкиот дизајн?

Што графичките дизајнери работат?

Повеќето луѓе немаат претстава што всушност графичките дизајнери работат. Креирање бизнис логоа? Креирање реклами за во магазини? Корегирање на слики во Фотошот? Да, графичките дизајнери ги работат сите тие работи но тоа се само делчиња од многу поголема слика. Графичките дизајнери имаат за задача точно да ги разберат потребите на клиентот и да ги искреираат на начин кој ќе биде привлечен, функционален и професионален.

Погледнете наоколу

Погледнете наоколу. Дизајнот е секаде – од кутијата со житарици до постери и банери што ги гледате на фестивалите па се до рекламни излози, лепенки за такси компании и многу други места. Совршен спој помеѓу креативност и стратегија, комуникација со бренд, естетика со логика. Дизајнот е буквално секаде околу вас и тоа многу значи. Постојат бесконечно можности во секојдневието каде што графичкиот дизајнер може да ги покаже своите креации. Препорачан линк за  да погледнете повеќе околу основите на дизајнот.

Mockups - Модели

Што се изработуваме

  • Изработка на секаков вид на слики
  • Обработка на секаков вид на слики, без разлика во кој формат се.
  • Манипулација на фотографии од секаков карактер.
  • Креирање графика по нарачка за веб страници, реклами, социјални мрежи итн.
  • Ретуширање на стари или пак нови фотографии.
  • Колоризирање и репарирање на стари (црно бели) и оштетени фотографии
  • Креирање банери, рекламни постери, флаери.
  • Ретуширање на модели и корегирање на модни детали.
  • Креирање на бизнис брошури, каталози и ценовници.
  • Креирање на професионални логоа целосно по вкус на клиентите.
  • Креирање на визит – бизнис картички.
  • Изработка на секаков вид на дипломи, сертификати, пофалници или било каков тип на документи.
  • Креирање на членски картички
  • Креирање на картички за понуди
  • Креирање на роденденски картички
  • Креирање дизајн за цели книги
  • Дизајнирање на пликоа
  • Дизајнирање на темплејти и мокапи за веб страници
  • Креирање на дизајни за пакување на производи
  • Дизајнирање на списанија и брошури
  • Дизајнирање на памфлети
  • Одстранување на бела позадина од слика
  • Дизајнирање инфографија
  • Дизајнирање на професионални векторски CV

Важно! Изработуваме и многу други работи во оваа област кои не се набројани.

Best Graphic-design gallery

Останати професионални слики

Консултации

Консултирајте се со нас

Зашто ви се потребни консултации со професионалци?

Во 2017 година најдобар маркетинг за една компанија е интернетот.  3.2 милијарди луѓе во моментов го користат интернетот и активно пребаруваат. Ние сме тука за да ви дадеме патоказ како најдобро да пенетрирате на интернетот. Кои социјални мрежи би биле најдобри за промовирање на вашата копанија, како да се оптимизира вашата веб страница за најдобра ефикасност, како точно да ги користите социјалните медиуми за рекламирање на вашиот бизнис. Замислете вашата веб страница или пак ваште социјални медиуми да се одлично оптимизирани и многу често да се појавуваат на Google, Bing, Yahoo итн. Би било одлично нели? Затоа сме тука ние! Одлична, јасна, децидна, професионална веб страница, зачинета со перфектна графика, транзиции, брзина, респонзивност на сите уреди, поврзана со социјалните медиуми е потребна на секоја компанија која има желба за просперитет и напредок.

Best Graphic Studio on the market!

Контакт

  • 389 78 399 529
  • Бул. Илинденска 138
  • info@graphicdesign.mk
  • consulting@graphicdesign.mk
Scroll Up
Најдобрите Графички дизајнери, Веб дизајнери,  и Мултимедија специјалисти на едно место!