Алатки за истражување во Дигиталниот маркетинг
Истражувањето е од суштинско значење во успехот на секоја маркетинг кампања. Без соодветно планирање и истражување многу потешко ги извршувате задачите, па дури понекогаш и нема никаков успех. Секогаш истражувајте и планирајте и не само што ќе ви се олесни работата туку и ќе научите многу нови работи попатно.
Најпотребни алатки на Дигиталните Маркетери се:
- Google Trends
- Google Keyword Planner
- AppAnnie
- Serpstat
- SimilarWeb
- Neil Patel Blog
- Medium
- Buzzsumo
- Facebook Audience Insights
- Facebook Ads
- Google Adwords
- Google Analytics
- Google Data Studio
- FB Pixel Helper
- Google Tag Manager
- Data Scraper
- Flatpack
- Canva
- Adespresso ads
- Dribbble
- Behnace
- Unsplash
- Evernote
- Slack
- Digital marketer
1. Google Trends
Google Trends ви овозможува да ги видите најновите трендови и податоци од Google и да дознаете кои се трендовите во вашата област. Google Trends ќе ви даде идеја која ќе биде во тек со светските трендови.
Едноставно одете на веб страницата na Google Trends и напишете клучниот збор или името на индустријата за која сте заинтересирани и пребарајте. Можете исто така паралелно да додадете и други податоци за да можете подоцна да ги споредите резултатите. Можете да пребарувате по земји, временски периоди, категории и тип на пребарување, кое вклучува пребарување на YouTube.
2. Google Keyword Planner
Значи, постојат повеќе мислења за алатката Google Keyword Planner, постојат луѓе кои ја сакаат и луѓе кои ја мразат и мислат дека резултатите се погрешни. Јас нема да ви кажам што мислам, само ќе ви кажам како можете да ја користите на најдобар можен начин.
Што всушност преставува Google Keyword Planner? Google Keyword Planner е дел од Google Adwords, за кој ќе зборувам подоцна во оваа статија. Се наоѓа во табот “Tools”. Можете да изберете еден или повеќе клучни зборови, да ја одберете земјата и јазикот кој ви е потребен и да видите приближно колку пати вашиот таргет збор е пребаран.
Можете да видите дали таргет зборот е рангиран “Високо”, “Средно” или “Ниско” и која е сумата за рекламирање на тој збор.
3. App Annie
Ако сте креатор на апликации или маркетинг менаџер на одреден бизнис кој има сопствена мобилна апликација, дефинитивно ви е потребна алатката “Appannie”. Тоа е најдобрата алатка за следење на конкурентите во речиси секоја продавница која има сопствена апликација.
Најдобра функција според нас е “ASO“ (App Search Optimization). Ви дозволува да проверите на кое место точно е рангирана вашата апликација на одреден клучен збор на Google Play Store и на Apple Store.
Врз основа на резултатите од AppAnnie можете да ги уредувате насловите и описите на апликацијата при наредно апдејтирање на апликацијата. На овој начин можете да тестирате и да видите кој опис подобро функционира.
4. Serpstat
“Serpstat” исто така е неверојатна алатка за пребарување на клучни зборови со која јас лично сум презадоволен.
Алатката “Serpstat” е слична на алатката “Ahrefs”. Ја корстам оваа алатка главно за споредба на податоци и затоа што податоците за некои земји се попрецизни заразлика од други алатки. Неодамна Serpstat направија редизајн на интерфејсот и сега алатката изгледа неверојатно.
Скриншот од резултати на Serpstat
Можете исто така да ги пратите клучните зборови на конкурентите. Алатката е супер лесна за користење и треба да ја проверите.
5. SimilarWeb
SimilarWeb е првата алатка која ја користам кога сакам да добијам извештај за одредена веб страница.
Оваа алатка проценува колкав месечен сообраќај има одредена страница, Од каде потекнува тој сообраќај, од кои држави, според кои клучни зборови се рангираат високо, и плус уште неколку дополнителни опции.
Најчесто ја користам екстензијата во Google Chrome, бидејќи како што реков, веднаш ми дава информации за одреден веб-сајт, а јас потоа одлучувам дали сакам да продолжам со истражувањето или не.
6.Neil Patel, Quicksprout, Kissmetrics
Нил Пател е вистинска дефиниција за супер успешен маркетер. Неговите статии се премногу долги, но содржините се инзвонредни! Тој е екстремно успешен претприемач и навистина е неверојатен фактот што несебично го дели своето знаење и сите трикови кои константо ги употребува за да го подобри својот бизнис. Ова е човек од кој дефинитивно можете да научите и да постигнете премногу.
Задолжително проверете го неговиот 100.000$ предизвик тука.
Според нас “Medium” една од најдобрите места каде може да се пронајдат интересни работи за читање и учење.
Доколку сте на веб страната за да учите, но не ви се чита или пак немате време да прочитате статија од 2-3-4 илјади зборови, постои Google Chrome Exstension која ќе го направи тоа за вас:
Екстензијата автоматски додава “Play” копче на дното на вашиот екран кога сте на “Medium” и кога ќе кликнете на копчето, почнува да ја чита статијата. Го користам многу и навистина премногу сум задоволен.
8. Buzzsumo
Buzzsumo е алатка за откривање на нови и актуелни содржини. Негова задача е да анализира одредена тематика која ќе му ја зададете и ќе ви ја прикаже содржината која е најдобро пласирана на интернет.
Ако имате блог и сакате да откриете одредени теми кои во моментот се актуелни, само внесете одредена фраза/клучен збор и ќе ви извади се што е поврзано. Содржината која ќе ви ја прикаже е најдобро рангирана/лајкувана/шерувана. Можете дури да видите и кој ја напишал содржината на Твитер и можете да ги контактирате кога ќе бидете подготвени.
Buzzsumo ја лансираше алатката “Question Analyzer” која ви помага да ги пронајдете најпопуларните прашања поставени низ илјадници форуми како што се: Amazon, Reddit, Quora, итн…
Вие треба само да внесете тема, клучен збор или име на бренд и веднаш можете да ги видите најчестите прашања кои се поставуваат на интернет. Резултатите автоматски се филтрираат за да ви се прикажат најпрво најчесто поставените прашања.
9. Facebook audience Insights
Една од најмоќните и најпотценетите алатки кои постојат во моментов. Како што знаеме, Фејсбук има еден од најдобрите системи за рекламирање, бидејќи има огромен број на податоци за сите нас.
Ако научите да ја користите оваа алатка, вашата работа ќе стана многу полесна и многу профитабилна. Најдобрата работа е тоа што е навистина лесна за користење и нема да губите денови за да ја научите. Може да ви помогне да испланирате реклама за на Фејсбук на најдобар можен начин.
Можете да видите колку луѓе можете да опфатите врз основа на земја на живеење, интереси, уреди што ги користат, однесување, навики, па дури и животни настани. Таа ви покажува демографски податоци и за некои земји, можете дури и да пребарувате според приходите на домаќинството.
Исто така, можете да видите кои други интереси ги имаат луѓето кои спаѓаат во вашата целна група и кој е најдобриот начин за да ги опфатите.
10. Facebook Ads
Како што знаете, Фејсбук е најголемата социјална мрежа во светот со просек од 25,5 милијарди посети месечно. Просечно траење на една сесија е 16 минути и 5 секунди.
Токму поради оваа вредност на компанијата и можноста да се соберат податоци за вашата целна група, Фејсбук е според нас, најмоќната рекламна мрежа. Доколку не го користите за маркетинг цели, треба да научите како и да започнете веднаш!
Постојат многу видови на реклами кои можете да ги поставите на Facebook врз основа на тоа каде се наоѓаат корисниците кои ви се целна група.
11. Google Adwords
Google Adwords е алатка која во 2015 година заработи рекордни 67,39 милијарди долари според statista.com
Таа е една од најчесто користените и најкомплексни рекламни платформи досега. Неодамна го доби својот редизајн. На некои луѓе им се допадна тоа, но на некои не. Вистината е дека не се промени многу во однос на функционалноста. Доколку сте маркетер дефинитивно треба да научите како да го користите. Барем основите. Не е случајност што некои компании вработуваат луѓе кои го имаат совладано Google Adwords и ги плаќаат навистина одлично!
Неговите способности се огромни! Ќе ви треба доста време за да ги научите сите опции кои ги има оваа алатка. Ја препорачувам да ја разгледате програмата “Google Partners”
Google Adwords е многу важен, бидејќи можете да користите канали кои се поврзани со Google преку Google AdSense и да постигнете одлични резултати во Google Search. Во оваа ситуација вие имате моќ да им прикажете на корисниците реклама токму за она што го бараат во моментот. Стапките на конверзија се многу повисоки кога корисникот гледа реклама за нешто што всушност го бара.
12. Google analytics
Постојат многу статистики за тоа колку веб-страници го користат Google Analytics. Во 2015 Marketing land констатираше дека Google Analytics го користат околу 30-50 милиони веб-сајтови.
Други извори како што се W3Techs , велат дека Google Analytics го користат 54,9% од сите веб-страници. Како и да е без разлика колку веб-страници го користат, тоа е една од најпопуларните и најмоќните алатки за анализирање во светот и ако сте дигитален маркетер, онлајн претприемач, маркетинг менаџер, па дури и извршен директор, морате да научите како да го користите.
Со Google Analytics можете да ги пратите вашите корисници што се прават на вашата веб страница. Можете дури и да дознаете која резолуција на екран користеле ?. Можете да креирате секаков вид на извештаи и на тој начин да дознаете повеќе за луѓето што ги користат вашите услуги.
13. Google Data Studio
Google Data Studio (бета) ги претвора вашите податоци во информативни таблички и извештаи кои се лесни за читање, лесни за споделување и целосно прилагодливи.
Еден од најголемите предизвици кога работиме со податоци е да успееме да ги менаџираме и употребуваме сите наши податоци.Google Data Studio значително го поедноставува процесот.
Откако ќе ги имате вашите необработени податоци, треба да се претворат во корисни и целосни информации за да можат да се употребуваат. Google Data Studio ги претвора вашите податоци во графикони и информативни таблички што ги прави лесно читливи и разбирливи за понатамошно менаџирање на истите.
14. FB Pixel Helper
Исто како и со “Google Tag Assistant” можете да проверите дали вашиот “Facebook Pixel” е инсталиран и сетиран коректно и дали податоците што ги испраќа се во ред.
15. Google Tag Manager
Доколку имате веб-страница и сакате да пратите и анализирате повеќе работи одеднаш, мора да имате многу кодови поставени на различни места на
веб-страницата. Тие мораат да бидат редоследно поставени бидејќи сигурно ќе сакате некоја функција да се извршува најпрва па друга после неа…Звучи навистина комплексно…
Без грижа! “Google Tag Manager” се грижи за сето ова.
Во суштина, можете да ги ставите сите ваши кодови во GTM, а тој да ви изгенерира само едно парче код кој ќе го ставите на вашата веб-страница. Целиов процес може да биде малку комплексен доколку не сте запознаени со основите на HTML и позадинското функционирање на една веб страница. Но не грижете се и за тоа, има еден тон бесплатни туторијали на интернет кои ќе ви помогнат околу ова.
Проверете ја оваа листа na Јутуб за “Google Tag manager” од Рајан Стјуарт.
Се надевам дека ќе ви помогне и ќе почнете со користење на GTM. Нема да имате потреба од помош во иднина од програмери за имплементација на парчиња код кој претходно ви изгледале толку комплексно. Ќе ви го промени животот, ви ветувам.
16. Data Scraper
Со оваа алатка, можете да преземате било каков вид на податоци од одредена веб-страница. Вие само треба да ги дефинирате вашите филтри и да го преземете податоците во форма на документ. Јас го користам највеќе кога креирам кампањи во Google Adwords.
Она што го правам е му кажувам на Google да ми ги достави првите 100 резултати за одредено барање, додавајќи% var% на крајот на линкот, ги симнувате резултатите без никаков проблем.
Исто така можете да ја употребувате оваа Google Chrome екстензија.
17. Flatpack
Flatpack е drag-and-drop алатка за дизајнирање на веб страници. Немојте да ме сватите погрешно, оваа алатка не може да биде замена за веб дизајнер или Front-end developer. Со Flatpack можете да направите културна веб страничка за релативно брзо време. Прилично е лесен за употребување.
Ова е одлична алатка за брзо тестирање. Цената е 18 долари и верувајте не е ништо во споредба со квалитетот на алатката.
Целосно ја препорачуваме.
18. Canva
Ако не сте дизајнер, а потребни ви се слики за вашата веб страница, вашите реклами или пак за на социјални медиуми тогаш “Canva” е идеалната алатка за вас.
Со Canva можете да искреирате солиден дизајн за вашите потреби за само неколку минути. Секако дизајните нема да изгледаат ни приближно слично на професионално изработен проект од страна на Арт Дизајн Студио, но може да ги задоволи вашите потреби во некои погледи.
19. Adespresso Ads
Колку што знам, ова започна како страничен проект на AdEspresso и мислам дека е феноменално.
Со оваа алатка можете да напишете клучен збор или пак име на некоја компанија и ќе ви прикаже каков тип на реклами тие водат.
20. Dribbble
Мојата омилена веб-страница која служи како портфолио на дизајнери. Тука можете да пронајдете научни студии, анимации, логоа и секаков тип на дизајни. Можете да најдете огромни компании кои работат со дизајн, но и безброј дизајнери кои работат самостално.
Можете да останете на врвот на современите трендови и навистина да научите многу. Повеќето работи поставени тука се феноменални!
21. Behance
Ова можеби е најпозната портфолио веб страница за секаков тип на проекти поврзани со дизајнот.
Доколку сакате да бидете инспирирани за било која тема, не само графички дизајн, туку и архитектура, типографија, движечка-графика или било што и да е поврзано со дизајнот, ова е дефинитивно место кое морате да го проверите.
Исто така на овој сајт можете да најдете различни дизајнери кои можете да ги платите и да работат за вас.
22. Unsplash
Ова е одличен веб-сајт кој има одлични и БЕСПЛАТНИ слики. Можете да пронајдете секаков тип на слики и идеи кои можете да ги употребите за вашата веб страница, за праќање на мејлови, социјални мрежи итн…
Друга работа е што навистина ја сакам културата на луѓето што стојат зад овој одличен проект! Дефитивно вреди да ја проверите оваа веб-страна, нема да бидете разочарани!
23. Evernote
Evernote е одлично место за складирање на идеи. Најдоброто е тоа што можете да го синхронизирате со сите ваши уреди.
Кога сакате да запомните нешто и да го запишете на вашиот телефон, веднаш се синхронизира на сите ваши уреди.
Уште една одлична работа е тоа што можете да споделите се што сте искреирале со некој ваш пријател и да продолжите да работите заедно! Оваа алатка не е само за зашишување на белешки. Можете да скенирате документи, да прикачувате ПДФ документи и да зачувувате важни мејлови. Сето тоа ќе ви биде зачувано на сите уреди каде што ви е активен Evernote акаунтот.
24. Slack
Најверојатно веќе сте го користеле Slack. Ова е платформа за тимско разговарање која постои веќе неколку години.
Постојат две страни. Луѓето кои мислат дека оваа алатка ја уништува продуктивноста и оние кои мислат дека е многу корисна. Има многу интеграции со најпопуларните алатки кои се користат тимски. Исто така има и ботови со различни функционалности.
Оваа алатка може да биде многу корисна доколку испраќате многу мејлови.
25. Digital Marketer
Еден од најдобрите маркетинг блогови што постои. Поради блогови како овој не плаќаме $1000- $2000 за разни онлајн маркетинг курсеви. Ова е блог кој има илјадници статии каде што можете да научите нови стратегии, алатки, трикови и константно да бидете во тек со сите новости и трендови во полето на дигиталниот маркетинг.
Дефинитивно вреди да го разгледате.
Ова се 25 алатки кои се неопходни за сите дигитални маркетери и ентузијасти. Повеќето од овие алатки константо ги користиме јас и мојот тим, и верувајте ни дека доколку научите како да ги користите овие алатки, ќе ви го променат животот.
Арт Дизајн тимот секогаш ви стои на располагање.