Различните видови на логоа се насекаде околу нас. Ги гледате на вашиот фрижидер додека подготвувате појадок, на вашиот автомобил додека возите накај работа, па дури и на вашиот компјутер додека работите. Но, иако се дел од секојдневието, логоата и нивниот графички дизајн се многу покомплексни отколку што изгледа на прв поглед.
Видови на логоа и нивните предности
Дизајнот на лого не е само избор на убави бои и форми. Постојат различни типови на логоа, секој со свои уникатни карактеристики. Одлуката за видот на лого значително влијае на тоа како вашата компанија ќе биде перцепирана од клиентите. Еве ги седумте основни типови:
1. Амблеми
Амблемите, како класичен вид на лого, комбинираат текст и симбол во една целина. Овие логоа зрачат со традиција и професионалност, што ги прави идеални за училишта и владини институции. Сепак, внимавајте: амблемите може да изгубат читливост кога се намалени.
Кога треба да изберете амблем?
- Вашиот бренд треба да пренесе чувство на традиција, долговечност и професионалност.
- Потребно ви е лого кое ќе зрачи со стабилност.
Кога треба да избегнете амблем?
- Понекогаш големината на вашето лого ќе треба да се намали. Амблемите не изгледаат добро кога се со мала димензија и тешко можат да се прочитаат.
2. Логотипи (Wordmarks)
Логотипите се базираат исклучиво на текст, со фокус на типографијата. Овој тип е одличен за компании со кратки и препознатливи имиња. Пример за успешен логотип е Google, кој користи едноставен фонт и разиграни бои за позитивен впечаток.
Кога треба да изберете логотип?
- Вие сте нова компанија која сака своето има и својот бренд позитивно да го пласира меѓу потрошувачите.
- Вашата компанија има кратко име кое нема да изгледа преголемо кога ќе го употребите како ваше официјално лого.
- Логотипите помагаат да се зајакне врската помеѓу визуелната меморија и препознавањето на името на компанијата.
Кога треба да избегнете логотип?
- Верувајте ни дека не сакате редовно да го менувате вашето лого. Фонтовите ги следат трендовите. Хелветика може да биде тренди овие денови, но за неколку години, вашето лого може да изгледа како да е креирано во 2000 година. Дури и Гугл и Кока Кола постојано ги менуваат своите логоа, и се во постојан тек со моменталните трендови.
- Доколку името на вашата компанија е навистина долго.
3. Монограмски логоа
Монограмите користат иницијали за да го пренесат идентитетот на брендот. Луј Витон и HBO се одлични примери за ова. Векторскиот дизајн е клучен за создавање на визуелно привлечни и лесно препознатливи монограми.
Кога треба да изберете монограм?
- Сакате да искреирате врска помеѓу вашето име и визуелниот идентитет на вашата компанија, но имате навистина долго име.
- Вие сте во индустрија каде што користење на скратено име (иницијали) е вообичаен процес.
Кога треба да избегнете монограм?
- Кога сте нова компанија која уште не е многу позната на пазарот. Во овој случај можете да користите иницијали, но препорачливо е да го вклучите и вашето полно име во продолжение додека не стекнете одредена репутација.
4. Бренд логоа со симбол
Овие логоа комбинираат текст со икона или симбол. Дизајнот мора да биде уникатен и емоционално да го одразува вашиот бренд. Дизајнот на лого како оној на Starbucks е добар пример за успешна еволуција од амблем во симбол.
Кога треба да изберете Бренд лого?
- Ваквиот вид на лого е лесно впечатлив во очите на потрошувачите.
- Сакате да создадете емоција на квалитетен бренд кој би бил лесно препознатлив и ќе го одсликува идентитетот на вашата компанија.
Кога може да избегнете Бренд лого?
- Сакате да се изгледате како традиционална компанија со стандардно лого. Постои можност овој вид на лого несериозно да биде сватен од страна на потрошувачите, но ова не е правило.
- Ваквиот тип на лого не одговара на било каква компанија.
5. Апстрактни логоа
Апстрактниот лого дизајн овозможува креативна слобода. Секој симбол е уникатен и го носи сопственото значење, како познатото „swoosh“ на Nike, кое асоцира на брзина и динамика.
Кога треба да изберете апстрактно лого?
- Потребно ви е модерно лого и сакате да искреирате одредена вибрација за вашиот бренд.
- Сакате навистина уникатно лого.
Кога треба да избегнете апстрактно лого?
- Уште немате искреирано идентитет за вашата компанија. Уште не знаете каква емоција сакате да им пренесете на вашите корисници.
6. Логоа со маскота
Илустрираните маскоти создаваат пријателска врска со клиентите. Ваквите логоа се популарни кај спортски тимови и компании за храна.
Кога треба да изберете лого со маскота?
- Сакате вашиот бренд да им се допадне на семејните групи.
- Вашиот бренд ќе биде забавен, пријателски и позитивно настроен.
- Сакате флексибилно лого кое може да расте заедно со вашата компанија и да се користи на различни начини.
Кога треба да избегнете лого со маскота?
- Вашето лого може да биде премногу пријателски настроено. Пријателски до тој степен што со тек на време ќе почне да емитира вибрација на несериозност.
7. Комбинирани логоа
Комбинираните логоа се флексибилни, бидејќи комбинираат текст и симбол. Пример за ова е Dove, каде што текстот и симболот работат заедно за јасно пренесување на бренд-пораката.
Кога треба да изберете комбинирани логоа?
- Сакате да направите комбинација од повеќе типови.
- Сакате лого кое може да се прилагоди на потребите за вашиот бизнис.
Кога треба да избегнете комбинирани логоа?
- Вашиот бренд се базира на едноставност. Комбинираните логоа понекогаш можат да бидат повеќе сложени за употреба (за имплементирање на логото на визит карти, веб страница, каталози итн…)
Совети за дизајн на лого
- Размислете за идентитетот на вашиот бренд.
Креирањето на лого бара длабоко разбирање на вашите вредности и пораки.
- Следете ги трендовите, но бидете уникатни.
Модерните логоа често се минималистички, но важно е да избегнете копирање и да изградите нешто препознатливо.
- Користете векторски дизајн.
Ова осигурува дека вашето лого ќе изгледа одлично на сите големини и формати.
Подгответе го вашето лого за иднината
Секој тип на лого има свои предности и ограничувања. Изборот на уникатен дизајн за лого може да го подигне вашиот бренд на ново ниво. Нарачајте графички дизајн лого кај професионалци кои ќе го прилагодат дизајнот според вашите потреби и ќе обезбедат висококвалитетна изработка на лого за вашата компанија.
Нарачајте лого дизајн сега и започнете го вашето брендирање со лого кое ќе го привлече вниманието на пазарот!