7 причини зашто треба да го изберете WordPress

Wordpress za vasata veb stranica, Вордпресс за вашата веб страница

Зашто да го изберете WordPress за вашата веб страница?

Дали некогаш сте размислувале да започнете бизнис, но сте се двоумеле бидејќи сте немале веб страница? Или пак се случило да пропуштите клиенти бидејќи вашиот бизнис сеуште немал веб-сајт?

Доколку не сте човек кој е технолошки подготвен или пак немате доволно знаење во областа на веб дизајнот, најверојатно би било најдобро изградбата на вашата веб страница да им ја препуштите на реномирани компании како нашата.

Сепак таа веб страница е огледало на вашиот бизнис и треба да го преставува вашиот бизнис 24/7 во најдобро светло. Во овој случај WordPress платформата е дефинитивно најдоброто решение за вас.

Оваа платформа е навистина лесна за користење и одржување на веб страници. Вордпрес преставува навистина лесен CMS (Content management system) систем за менаџирање на податоци кој навистина не бил никаков проблем да го совладате за понатамошно менаџирање со вашата веб страница.

Веб-страница во оваа технолошка доба е речиси задолжителна доколку сакате да го достигнете целниот пазар, па затоа не размислувајте се и зачекорете напред кон вашите клиенти.

Што всушност преставува WordPress?

WordPress е систем за управување со содржини (CMS), што значи дека е дизајниран да ви помогне да ги организирате и објавувате содржините на вашиот веб-сајт.

Навистина е лесно да направите веб страница во Вордпрес на која ќе можете да го поставите вашето бизнис лого, да поставите по некоја слика и да објавувате статии кои реално нема да изгледаат модерно и задоволувачки. Дали мислите дека ваква веб страница е доволна за да ги импресионирате целните клиенти со вашите услуги? Одговорот на ова прашање е НЕ. Дефинитивно ваква веб страница нема да ги задоволи очекувањата на вашите клиенти.

Што се смета за содржина? Сè што се појавува на вашиот веб-сајт, од заглавјето со вашето лого, вашите контакт податоци, вашите блог постови и видео туторијали. Се што се наоѓа на вашиот веб-сајт е содржина.

WordPress.com наспроти WordPress.org

Бидејќи ќе ги сретнете и двете платформи на интернет: WordPress.org нуди бесплатен CMS за кој зборувавме претходно, а WordPress.com нуди бесплатна платформа за поврзување со WordPress-CMS за некомерцијални блогови кои не можат да се костумизираат со плагини и соптствени теми. Доколку водите бизнис, WordPress.com не е препорачлива солуција.

7 Причини зашто да го изберете WordPress за вашата веб страница

Би било полесно кога би размислиле дека вашата веб страница е место со потполно празни полици. Вие преку WordPress CMS – от ги полните и распоредувате вашите производи и услуги на полиците во вашиот простор. Ги распоредувате логички за клиентите да можат да се снајдат и веднаш да ги пронајдат услугите и продуктите кои им се потребни во моментот. Затоа WordPress можете да го сватите како навистина лесен CMS за управување на вашата веб страница кој е стабилен и никогаш нема да ве разочара.

1. WordPress е бесплатен.

Ова е одлична вест за сите оние кои раководат со мали или пак средни бизниси. WordPress сам по себе нема да ве чини ништо, но ќе треба да платите за веб хостинг и за домен. Веб хостинг е просторот кој го изнајмувате за вашата веб страница а домен е името на вашата веб страница (www.primer.mk).

Исто така дополнителен трошок може да преставува изнајмување на квалитетна агенција за изработка на веб страници, бидејќи навистина е важно да имате веб страница која ќе изгледа модерно, ќе биде брза и ќе ги задоволува потребите на вашите целни клиенти.

2. WordPress е лесен за употреба.

WordPress се гордее со нивната инсталација која трае неколку минути и со своите водичи кои ве водат низ целиот процес. Да се создаде WordPress страница не е комплексен процес. Веб страница која ќе ги содржи вашите податоци, по некоја слика, видео итн…Но доколку имате потреба од веб страница која ќе изгледа модерно, ќе биде респонзивна на сите уреди, ќе има одредена функционалност која ви е потребна и ќе биде со одлична брзина тогаш дефинитивно ќе ви биде потребна компанија која специјализирано се бави со Веб дизајн.

Доколку ви е потребна изработка на веб страница, контактирајте не на следниот линк.

4. Со WordPress до уникатен веб-сајт

WordPress нуди огромни можности при креирање на веб страници. Секогаш постои можност да направите нешто уникатно по што би се разликувале од конкуренцијата која ве опкружува. Доколку не знаете како да изработувате веб страници на оваа платформа, тогаш смислете идеја која би била уникатна.

Потоа најдете компанија која би ја претворила вашата идеја во готова веб страница. Верувајте ни, квалитетна веб страница за вашиот бизнис е навистина исплатлива инвестиција која ќе ви донесе резултати за навистина кратко време.

Треба да земете во предвид некои детали пред да започнете со креирање на веб страница. Какви услуги планирате да нудите? Како сакате да изгледа веб страницата? Како сакате да биде оптимизирана? За различни типови на веб страници секогаш постои различен пристап, погрижете се тоа да го знае компанијата која ќе ви ја креира веб страницата.

6. WordPress ја разбира безбедноста на веб страниците сериозно.

WordPress се грижи секогаш вашата веб страница да ја има најновата верзија што е од клучно значење за заштита од хакери, конкуренција итн… Некои ажурирања на софтверот на WordPress се автоматски, за да се спречат безбедносните пропусти навреме.

Можете да изберете дали сакате ажурирањата да се вршат автоматски или пак вие да одлучувате кога да се ажурира софтверот.

7. WordPress функционира одлично со сите други платформи и софтвери

Дури и најдобрите веб страници мораат да бидат интегрирани и да комуницираат со други платформи, софтвери и мрежи за да можат да направат продажба.

Најпрвин треба да знаете дека WordPress има одлично дефинирана структура која е погодна за “читање” од страна на “Google crawlers” за подоцна да бидете подобро рангирани на Гугл. Сепак за да бидете квалитетно рангирани ви треба SEO стратегија. Но и доколку не креирате никакви стратегии, Вордпрес сам по себе не е лош по ова прашање.

Што се однесува околу продавање на производи, Вордпрес ви го овозможува ова преку неколку плагини од кои убедливно најдобар е WooCommerce. Плагинот сам по себе е навистина едноставен, но во Македонија сетирањето е малку посложено. Овој плагин се поврзува со PayPal и на тој начин вие ги добивате парите од продадените производи.

Како што знаеме во Македонија сега за сега немаме PayPal па единствен начин да се подигнат парите од продадените производи е доколку го поврземе плагинот со некоја од Македонските банки (Комерцијална банка, Стопанска банка, НЛБ банка итн…), но затоа ни е потребно да имаме регистрирана фирма. Овој процес не е лесен како што звучи, потребно е поголемо знаење при сетирање на начините за плаќање.

WordPress е вистинскиот избор за вашата веб страница

Доколку сакате веб-страница која ќе изгледа професионално, ќе генерира одлични резултати и нуди лесен начин за нејзино одржување, WordPress.org речиси секогаш ќе биде вашиот фаворит.

Зголемете го профитот на вашиот бизнис.
Разгледајте ја нашата понуда

Scroll to Top