Важноста на модерна веб-страница | Art Design

Дали сте на брод што тоне?

Модерна веб страница со професионален дизајн и оптимизација на веб страница

Доколку бројот на вашите клиенти не расте и тешко ги постигнувате целите, време е да ја преиспитате вашата навидум модерна веб-страница. Можеби сте ја направиле сами и мислите дека изгледа добро, но дали навистина е така? Или можеби сте ангажирале веб дизајнер пред повеќе од десет години. Вашата веб страница може да привлекува голем број посетители, но ако тие не се вистинските клиенти, таа не ја врши својата функција.

Веб дизајн кој го рефлектира модерното време

Дизајнот и изработката на модерна веб страница значително се променија во последната декада. Денес, професионалниот веб дизајн е клучен за успехот на секој бизнис. Многу мали компании се соочуваат со истите предизвици, но важно е да знаете дека има решение

Дали знаевте дека потребни се само 2 секунди за посетителите да направат проценка за вашиот бизнис базирана од вашата веб страница. 40% од потенцијалните клиентите ќе ја напуштат вашата веб страница доколку вчитувањето трае повеќе од 3 секунди.

Клиентите носат одлуки дури 60% базирани на изгледот на компаниската веб страница. Врз основа на впечатокот од веб страницата, тие решаваат дали ќе стапат во директен контакт со компанијата и дали ќе нарачаат производи/услуги од истата.

Вашата веб страница е вашиот најдобар сојузник

Респонзивен дизајн за подобрено корисничко искуство

Што прават потенцијалните клиенти кога бараат решение? Пребаруваат на интернет. Креирањето на веб страници кои ја одразуваат вашата професионалност е првиот чекор за да ги убедите клиентите дека сте вистинскиот избор. Од изгледот и функционалноста на вашата страница зависи дали ќе останат и ќе ве контактираат.

Клучни факти:
  • 60% од одлуките за соработка се базираат на изгледот на веб страницата.
  • Потребни се само 2 секунди за посетителот да добие прв впечаток за вашиот бизнис.
  • 40% од посетителите ќе ја напуштат веб страницата ако вчитувањето трае повеќе од 3 секунди.
Зошто е важен професионалниот веб дизајн?

Вашата веб страница е огледало на вашиот бизнис. Потенцијалните клиенти бараат лесна навигација, брзо вчитување и квалитетна содржина. Ако вашата веб страница не е модерна, респонзивна и оптимизирана за сите уреди, вие губите драгоцени можности.

Веб страница изработена според потребите на клиентите

Вашите клиенти не бараат само убав дизајн; тие сакаат решение за нивните проблеми. Со внимателно креирање на веб страници, кои се насочени кон нивните потреби, ќе постигнете повисока стапка на конверзија. Историјата на вашата компанија може да биде интересна, но најважно е како вашите услуги и производи ќе ги решат нивните проблеми.

Оптимизација за пребарувачи (SEO)

Истражувањето на клучни зборови и SEO оптимизацијата се есенцијални за да се појавите на врвот од резултатите на пребарувачите. Веб дизајн услугите што ги нудиме вклучуваат и оптимизација која ќе осигура вашата страница да биде лесно пронајдена.

Платформи како WordPress – клуч за успешна веб страница

SEO стратегии во дигитален маркетинг

За да управувате со квалитетна и функционална веб страница, потребен е силна CMS платформа како WordPress. Со неа лесно ќе го менувате дизајнот и содржината, а вашата страница ќе остане ажурирана и релевантна.

Не знаете од каде да започнете?

Контактирајте нѐ! Нашите веб дизајн услуги ќе ви помогнат да создадете страница што ќе работи за вас. Професионален веб дизајн, оптимизација и брзо решение за вашите проблеми – сето тоа на едно место.

Зголемете го профитот на вашиот бизнис.
Разгледајте ја нашата понуда

Scroll to Top