Колку често сте слушнале некој да каже дека сака да направи нарачка на веб страница? Идејата звучи одлично, но креирањето на веб страници од нула не е лесна задача. Потребно е да се внимава на многу детали. За среќа, Арт Дизајн е тука за сите кои бараат професионален веб дизајн, изработен според највисоките стандарди.
Изработката на веб страници е сложен процес. Ако компанијата што ја ангажирате нема доволно искуство или посветеност, вашата веб страна може да биде бавна, неорганизирана и со технички проблеми. Еве пет клучни фактори кои треба да ги земете предвид при нарачка на веб страница:
1. Квалитетен хостинг
Првиот чекор е избор на хостинг сервис. Со несоодветен хостинг, веб страницата може да биде спора или често недостапна. Ние во Арт Дизајн користиме услуги од Gohost.mk – екстремно брз хостинг со одлична поддршка и прифатливи цени.
2. Дизајн елементи
Кога ќе го избереме хостингот, заедно ја дефинираме структурата и изгледот на вашата веб страна. Без разлика дали станува збор за информативен сајт, онлајн продавница или блог, нашиот тим обезбедува веб дизајн услуги што одговараат на вашите потреби. Ќе избереме чист, минималистички дизајн или динамичен дизајн со анимации и интересни графички елементи кој ќе ги привлекува корисниците.
3. Функционалности
Функционалностите се клучни за интеракција на корисниците со вашата веб страница. Од онлајн плаќања до пребарувања по клучни зборови и калкулатори – имплементираме сѐ што е потребно за вашите корисници.
4. WordPress платформа
WordPress е најчесто користен систем за креирање на веб страници. Овозможува брзо развивање, лесна навигација и поддршка за плагини и теми што ги подобруваат функционалностите.
5. SEO – Оптимизација за пребарувачи
Без добра оптимизација, вашата веб страна нема да се појавува на првите страници на Google. Нашиот тим внимателно и вешто вградува релевантни клучни зборови, што значително ја подобрува видливоста кога потенцијалните клиенти пребаруваат услуга или производ што вие ги нудите.
Што значи добра веб страница?
Добра веб страница е лесна за користење и прегледување. Професионалниот веб дизајн треба да е доволно интуитивен и да овозможува корисниците брзо да го пронајдат тоа што им е потребно, без дополнителни инструкции.
Респонзивност
Веб страницата мора да биде прилагодена за сите уреди – од мобилни телефони до лаптопи. Факт е дека корисниците се навикнати на практични фонтови, менија и банери кои лесно може да се контролираат со помош на мобилен телефон или таблет. Респонзивниот дизајн е задолжителен за да не изгубите потенцијални клиенти.
Визуелни елементи
Сликите и графиките се исто толку важни како текстот. Доколку вашиот сајт изгледа неуредно или е преполн со информации, корисниците најверојатно веднаш ќе ја напуштат вашата страница. Затоа визуелната содржина привлекува внимание и ја прави веб страницата поефикасна.
Професионалната веб страница носи зголемен број на клиенти
Низ целата веб страница потребно е да има копчиња за контакт на повеќе локации (call to action – CTA). Целта на овие копчиња е суптилно да ги натерате вашите потенцијални клиенти да преземат акција односно да нарачаат производ / услуга или пак да ве исконтактираат во било кое време. Бидејќи ваша одговорност е содржината што треба да ја обезбедите за да се вметне на самата веб страница, задолжително употребете клучни зборови во вашата содржина. Клучни зборови се имињата на вашите производи или услуги, индустријата и фразите кои потенцијалните клиенти ги користат при пребарување на Интернет. Пример, клучни зборови на Арт Дизајн се: Веб дизајн, веб страна, графички дизајн итн.. Клучните зборови се од суштинско значење за оптимизација на веб страницата. Тие му помагаат на Google да одреди кои секции на вашата веб страна се релевантни за одредени пребарувања.
Заклучок
Нарачајте веб страница која ќе ги задоволи сите ваши барања. Со нас ќе добиете современ и респонзивен сајт што ќе го подобри вашиот бизнис. Контактирајте нѐ за повеќе информации – заедно ќе го креираме вашето дигитално решение.