Уникатен графички дизајн за успешен визуелен идентитет

Se sto izrabotuvame - Graficki dizajn, Се што изработуваме - Графички дизајн

Нудиме професионален и уникатен графички дизајн за дигитална и печатена употреба. Без разлика дали ви треба изработка на лого, дизајн на книги, постери, брошури или флаери, тука сме да ја реализираме вашата визија.

Погледнете ја листата и детално разгледајте што се нудиме:

Што изработуваме?

  • Логоа
  • Дизајн на пакување
  • Брошури
  • Каталози
  • Постери
  • Флаери
  • Банери
  • Ценовници
  • Визит карти
  • Дипломи, сертификати и пофалници
  • Дизајнирање на книги
  • Пликоа
  • Мокапи
  • Репарираме оштетени слики
  • Манипулација со слики од секаков карактер
  • Ретуширање на модели и модни детали

Детален опис за некои од набројаните услуги:


Изработка на лого

Вашето лого е првиот впечаток на вашиот бренд. Креираме логоа што се уникатни, професионални и прилагодени на вашиот бизнис. Соодветната комбинација на бои, фонтови и графички елементи ќе го направи вашето лого препознатливо.

Не грижете се, нашиот тим е способен одлично да ги разбере вашите барања и да искреира лого кое ќе го оживее вашиот бренд. Погледнете повеќе: Лого дизајн

Постери и банери

Дизајнираме атрактивни постери и банери за офлајн и дигитална промоција. Без разлика дали ви требаат за настани, продажба или огласување, нашите креации ќе привлечат внимание.

Брошури и флаери

Флаерите и брошурите се моќни алатки за маркетинг. Соодветно дизајнирани, тие ќе ги убедат вашите клиенти за квалитетот на вашите услуги или производи.

Каталози и книги

Вашите производи или содржини заслужуваат совршено дизајнирани каталози и книги. Обрнуваме внимание на сите детали – од типографија до визуелно балансиран изглед.

Доколку барате иновативен начин за продажба на вашите услуги или производи, ова е одлична идеја за вас. Всушност ние можеме да ви помогнеме тука најдобро. Нарачајте електронска брошура и изненадете се од дизајнот кој ќе го искреираме за вас.

Дизајн на каталог

Кога имате огромна палета со производи за рекламирање и продажба, потребна ви е ефективна маркетинг алатка. Вам всушност ви е потребен каталог кој ќе биде преставник на вашиот бренд за вашата постоечка или потенцијална публика. Каталогот потребно е да изгледа атрактивно, модерно и луксузно за да остави одличен впечаток кај вашите потрошувачи. Ние ќе се погрижиме за овој дел. Нарачајте каталог кој нема да ги остави вашите потрошувачи рамнодушни.

Дизајн на постер 

Постерите се одличен начин за визуелно да ја пренесете вашата порака. Постерите од секогаш биле во тренд кога станува збор за офлајн маркетингот. Ова е одличен начин да ги запознаете потрошувачите со вашиот бренд и да ги натерате да ги разгледаат вашите услуги и продукти. Нашите графички дизајнери се способни да искреираат плакати и постери кои ќе го одвлечат вниманието на вашите потенцијални клиенти без разлика дали се работи за ширење на вашата порака, промоција на производи и услуги или пак за најавување на некој настан. Контактирајте не и закажете тука. Плакати и постери.

Дизајн на банер

Банерот може да биде во дигитална форма или пак можете да го испечатите, во зависност од вашите потреби. Дигиталните банери во принцип се употребуваат за рекламирање на вашиот бизнис на некоја веб страница, а печатените банери се употребуваат со иста цел но можете да ги поставите на сталак, да ги закачите на зид итн..Арт Дизајн Студио креира секаков вид на банери, без разлика дали се дигитални или печатени. Кликнете тука и нарачајте: Изработка на банери.

Дизајн на визит карти

Визит картите се употребувале од далечното минато па се до денес. Доколку вашите клиенти се задоволни од вашите услуги, тие сигурно ќе сакаат да земат визит картичка од вашата компанија. Не можеме да ви опишеме колку е битно дизајнот на визит картичката да ги остави вашите клиенти импресионирани. Дозволете ни да го направиме токму тоа. Дозволете ни да ви создадеме безвременски дизајн кој ќе остави неверојатен впечаток кај вашите клиенти.

Дизајнирање на книги

Кога сакате вашиот текст во дигитална форма да го преточите во книга, тогаш дефинитивно ќе ви биде потребна помош од професионални графички дизајнери. Потребно е да се обрне внимание на неколку сегменти. Изгледот на корицата на книгата е премногу битен. Корицата го создава првиот впечаток кај потенцијалните купувачи. Но не е само тоа. Типографијата и распореденоста на елементите низ целата книга исто така се многу битни детали и потребно е да изгледаат одлично, за читателот да нема никакви пречки додека ја чита вашата книга. Контактирајте не и дозволете ни да ја искреираме вашата книга од соништата.

Фотошоп услуги

Манипулација на слики подразбира едитирање, корегирање па дури и целосно менување на одредена слика. Додавање на различна позадина, одстранување на личности, додавање на личности, одстранување на било каков предмет од слика, менување на глави на слика, додавање на коса, брада итн. Буквално се што можете да замислите, ние се способни да го искреираме за вас. Контактирајте нè.

Зголемете го профитот на вашиот бизнис.
Разгледајте ја нашата понуда

Scroll to Top