Менијата се лицето на вашиот локал. Добриот дизајн на мени привлекува внимание и го задржува интересот на клиентите. Без разлика дали водите ресторан, паб или кафе-бар, модерниот дизајн на менија е клучен за создавање добар прв впечаток.
Зошто е важен дизајнот на мени?
- Првиот впечаток е пресуден. Дизајнот на менито треба да зрачи ексклузивност и професионалност.
- Јасност и функционалност. Менијата треба да бидат уредни, со јасни категории и читливи елементи.
- Тематика и стил. Дизајнот мора да го одразува стилот на вашиот локал. На пример, ресторан со италијанска кујна треба да има елементи што го нагласуваат тој дух.
Како да создадете модерно и ефективно мени?
1. Истражете ја конкуренцијата.
Анализирајте ги нивните менија. Создајте дизајн што ќе биде уникатен и впечатлив. Не копирајте – оригиналноста е клучна.
Немојте да се обидувате да ги имитирате дизајните на менијата на вашите конкуренти. Ова ќе остави лош впечаток кај посетителите кои можеби тоа ќе го забележат.
2. Логото како фокус.
Ставете го логото на видливо место, на врвот на менито. Логото е симбол на сериозност и професионалност.
Доколку ви е потребен дизајн на лого кој ќе остане запаметен од страна на посетителите, контактирајте нѐ тука: Лого дизајн)
3. Планирајте импресивен распоред
Категориите во менито треба да бидат уредно поделени. Главните јадења и специјалитетите потенцирајте ги во посебни секции.
Изгледот на менито треба јасно да им каже на клиентите за услугите и специјалитетите кои ги нуди ресторанот. Дизајнот може да биде едноставен, но доколку сите елементи се на право место ќе се изненадите од реакциите на вашите потрошувачи.
4. Внимавајте на боите и фонтовите.
Користете бои што се во склад со стилот на локалот. Избегнувајте фонтови што отежнуваат читање.
Слично на тоа, фонтовите исто така ја рефлектираат типот на услугата што ја нудите. Значи, грижете се за вашите бои и фонтови, а тоа ќе им се допадне на вашите клиенти.
Ако водите локал со специфична тематика, тогаш користете бои кои се веќе имплементирани во вашиот бренд, лого, идентитет. Кога посетителите ќе влезат во вашиот локал и ќе видат добар дизајн на мени, веднаш ќе се поврзат со темата.
5. Користете висококвалитетни слики.
Инвестирајте во професионални фотографии. Секоја слика треба да го претставува јадењето што го опишува.
Не заборавајте, доколку ви е потребна помош, совет или пак имате некое конкретно прашање, секогаш сме тука за вас.
6. Кратки и јасни описи.
Описите треба да бидат привлечни, но не предолги. Пример: „Свежа паста со сос од домати и босилек“.
Можете дури и да додадете некои детали за потеклото на јадењето и локалната историја. Но, имајте во предвид дека описот не смее да биде предолг. Само настојувајте да ја зголемите љубопитноста на вашите посетители за јадењата кои ги нудите.
6. Истакнете ги препораките.
Дизајнот на вашето мени треба да ги потенцира вашите главни јадења и услуги на посебен начин. Ова е вашиот сопствен начин да ги промовирате вашите најпродавани јадења. Најдобар начин да ги убедите луѓето за да го посетат вашиот ресторан е преку промоција на јадењата и услугите кои ги нудите.
Означете ги најпопуларните јадења со симболи или икони, како препорака од готвачот.
7. Избегнувајте монотонија.
Внесете динамика во дизајнот. Користете различни форми, линии и графички елементи.
9. Не ги потенцирајте цените
Цените нека бидат дискретни. Премногу истакнати цени можат да го одвлечат вниманието од квалитетот на понудата.
10. Обрнете внимание на деталите.
Употребете симболи за специфични карактеристики, како вегетаријански или зачинети јадења. Квалитетните фотографии кои ги спомнавме погоре ќе додадат вредност на вашето мени.
Добро дизајнираното мени е инвестиција што ќе го подигне квалитетот на вашиот ресторан. Ако ви треба професионална помош, Арт Дизајн Студио е тука за вас! Контактирајте нè за изработка на уникатен дизајн што ќе го претвори вашето мени во естетско уживање.