Како да отстраните објект од слика со Фотошоп

Kako da otstranite objekt od slika so Fotosop, Како да отстраните објект од слика со Фотошоп - графички дизајнери

Иако може изгледа како магија, способноста да се отстрани објект во Фотошоп не е трик. Тоа е вештина што секој ентузијаст може да ја научи. Во ова видео, PHILEARN ги издвојува алатките и техниките потребни за чистење на позадините и помагање на субјектите да се издвојат. Графички дизајнери и ентузијасти за фотографија често се соочуваат со предизвикот да отстранат несакани елементи од слики. Фотошоп нуди моќни алатки за оваа цел.

Алатки кои ќе ви користат при процесот

Можеби ќе биде потребно да научите повеќе околу алатките: Healing Brush Tool, Clone Stamp Tool, Patch Tool, Pen Tool бидејќи околу отстранувањето на објект од позадина највеќе се употребуваат овие алатки. Може буквално сѐ да се отстрани, згради, автомобили, луѓе, дрвја, сенки, рефлексии итн.

Секоја од овие алатки има своја специфична намена и техника на користење. Healing Brush Tool е одлична за отстранување на мали несовршености и за замена на текстури. Clone Stamp Tool ви овозможува да копирате дел од сликата и да го применете на друго место. Patch Tool е ефикасна за отстранување на поголеми објекти со слична позадина околу нив. Pen Tool е клучна за прецизно селектирање на објекти пред нивно отстранување. Исто така, ако имате потреба од ваква услуга, но немате време пак ги немате потребните алатки за работа, нашиот тим од графички дизајнери може секогаш да ви излезе во пресрет.

Професионалните графички дизајнери имаат години искуство во манипулација на слики и можат да постигнат беспрекорни резултати дури и во најсложените сценарија. Во ова видео можете да ги видите чекорите за како да отстраните било што од фотографија на Фотошоп.

Процесот на отстранување

Процесот обично започнува со внимателно анализирање на сликата и одлучување која алатка е најсоодветна за конкретната ситуација. Потоа, се преминува на прецизно селектирање на објектот што треба да се отстрани. Пa со внимателно пополнување на празнината со соодветна текстура или содржина од околината. Важно е да се напомене дека вештината на отстранување објекти во Фотошоп бара практика и трпение. Со текот на времето и постојаното вежбање, ќе развиете интуиција за тоа која алатка да ја користите во различни ситуации. Исто како и што е најдобро да примените за да постигнете природен изглед на сликата.

Scroll to Top