ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Ви благодариме за посетата на www.graphicdesign.mk
Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата („Договор”, „Правила и услови за користење”, „Услови на користење”, „Услови”, „Услови за употреба”) е договор помеѓу Вас („корисникот”) и ИТАС – ДООЕЛ Скопје („Итас”, „ние”) со седиште на ул. булевар Илинден 138 – Скопје
Со користењето и/или посетувањето на интернет-страницата www.graphicdesign.mk („Graphicdesign”, „интернет-страницата”,) и/или која било под интернет-страница на https://www.graphicdesign.mk/ и со користењето на некоја од услугите на Graphicdesign, Вие се согласувате со Договорот за правилата и условите за користење на услугата и со политиката на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата Graphicdesign.
Условите за користење претставуваат обврзувачки правен Договор помеѓу Вас како корисник („Вие”), Итас и подружниците и / или соработниците на Graphicdesign.
Со овој Договор се утврдуваат правилата и условите за користење кои претставуваат законски обврзувачки услови за користење на услугите на Graphicdesign и ќе се применуваат за сите корисници на Graphicdesign интернет-страницата, вклучувајќи ги и корисниците кои нудат содржини и / или други материјали или услуги на или преку интернет-страницата. Со користењето на услугите на Graphicdesign, вие сте согласни да се обврзете со овој Договор. Овластување и дозвола да ги користите услугите на Graphicdesign имате единствено доколку се согласувате да ги почитувате и да се придружувате кон сите применливи закони и кон овој Договор.
Ве молиме, внимателно да го прочитате овој Договор и да го чувате. Доколку не се согласувате со него, треба веднаш да ја напуштите Graphicdesign интернет-страницата и да ја прекинете употребата на услугите на Graphicdesign. Доколку сакате да станете корисник и да ги користите Graphicdesign услугите, мора да го прочитате овој Договор за време на процесот на користење на веб страницата.
Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам” копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).
Graphicdesign може повремено да прави измени во Договорот, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на Интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.
Graphicdesign на корисниците им овозможува влез на интернет страницата и разгледување на понудената содржина и услуги (целата содржина е во сопственост на “Art Design” и дозволено е спуштање на одредени фотографии и видеа само со дозвола на админите на веб страницата) и истите корисници може да нарачаат било која од понудените услуги преку телефонски број, меил или директно преку контакт форма.
Вие сте согласни дека нема да:
нанесете штета на малолетници на кој било начин;
се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на Graphicdesign, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со “спам”, како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата;
да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-страницата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на Graphicdesign;
намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
промовирате, поттикнувате или давате инструкции и информации за нелегални активности, поттикнувате физичката штета или повреда против група или поединец или поттикнувате суровост кон животните. Ова може да вклучува, без ограничување, обезбедување на упатства за тоа како да се состават бомби, гранати и останати оружја или запалливи уреди;
нудите на продажба или продавате содржина, услуга или производи кои а) ги кршат државните или локални закони или прописи, б) немате потполно законско право согласно со законите и прописите да ги нудите или продавате, вклучувајќи ги и сите потребни лиценци и одобренија, или в) ние утврдиме, по наше сопствено убедување, дека се несоодветни за продажба преку услугата;
ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
вчитате, испратите, објавите или пренесете корисничка содржина која е наменета за да го искористи и/или измами корисникот. Такви содржини може да вклучуваат, не ограничувајќи се на, „збогати се брзо”, „сурфај и биди платен”, пирамидални или други сомнителни шеми;
пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата еднинствено може да се користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
поставите, објавите или на друг начин пренесете содржини за возрасни, како што се голотии во сексуален контекст, содржини во кои се откриваат изложени гениталии, или содржини со теми за возрасни.
Graphicdesign може да утврди, според свое сопствено убедување, дали некој од корисниците ги прекршува овие правила или политики.
Ние го задржуваме правото да затвориме корисничка сметка или корисник кој ги прекршил горенаведените забрани.
Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности или пак прекршила некое од нашите наведени правила на користење, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти.
Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите Graphicdesign во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности ИТАС нема биде одговорен, на било кој начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на Graphicdesign корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.
Данокот не е вклучен во цените на производите
Експлицитно го задржуваме правото да ги менуваме цените и надоместоците, а таквите промени или модификации ќе бидат објавени на интернет-страница и ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување. Во таков случај, ние немаме обврска да испраќаме посебни известувања до корисниците. Било какви промени или модификации на цените и давачките ќе се применат во наредното обновување на периодот за користење на услугата, како што е тоа опишано подолу.
Во однос на можностите за плаќање, плаќањето се врши фактурно.
ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ “КАКО ШТО СЕ”, “КАКО ШТО Е ДОСТАПНО”, “СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ” И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.
ИТАС И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.
ЌЕ НАПРАВИMЕ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УСЛУГАТА, ПРИТОА НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ ГО ГОРЕНАВЕДЕНОТО, МЕЃУТОА НИТУ “GRAPHICDESIGN” НИТУ НЕЈЗИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНИТЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ, ДОКОЛКУ ГИ ИМА, ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИСТО ТАКА НИТУ ИТАС ИЛИ НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ И ДА ГАРАНТИРААТ ЗА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА, ВАЛУТАTA, КВАЛИТЕТOT, КОМПЛЕТНОСТА, КОРИСНОСТА, ПЕРФОРМАНСИTE, БЕЗБЕДНОСТA ИЛИ СООДВЕТНОСТА НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ ИЛИ ЗА САМАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАТЕНА НИВ ЗА ЛИЧНИ, МЕДИЦИНСКИ, ПРАВНИ ИЛИ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО СООДВЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЗА КОНКРЕТЕН СОВЕТ СОГЛАСНО СО ВАШИОТ ПРОБЛЕМ.
ПОКРАЈ ОВА, НИЕ НЕ СМЕ ОДГОВОРНИ, НИТУ ПАК ЌЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ИСПОРАКАТА НА ПОРАКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА. НИТУ НИЕ, НИТУ ТРЕТИ ЛИЦА, ОДНОСНО ПАРТНЕРИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СЕРВЕРИТЕ, СОДРЖИНАТА, УСЛУГИТЕ ИЛИ E-ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНА ОД ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА/ПАРТНЕРИ СЕ ЧИСТИ ОД ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ.
НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСНИЧКИТЕ СОДРЖИНИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА; ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ПОТРОШЛИВИОТ МАТЕРИЈАЛ И УСЛУГИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НАБАВЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПОДАТОЦИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ, ПОРАКИ / ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИITE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.
СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ ИТАС И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОДТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА.
Вие сте согласни да ги браните и обесштетите вработените во ИТАС, службениците, директорите, потписниците, добавувачите, филијалите, подружниците и агентите од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на давачките за адвокати) кои произлегуваат од или во врска со: Вашата употреба на и пристап до услугата (или на некој друг кој го корител Вашиот профил), интернет-страницата, содржините; вашите кориснички содржини или други комерцијални производи кои ги нудите на или преку интернет-страниците со користење на нашите услуги; Вашето прекршување на некој услов од овие услови; прекршувањето на правата на трети лица, вклучувајќи ги, без ограничувања сите авторски права, право на имот или право на приватност, или тврдење дека вашите кориснички содржини предизвикале штета на трети лица или страни.
Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време. Graphicdesign може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Договорот или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.
По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.
Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.
Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.
Интернет-страницата може да содржи содржини или линкови до други интернет-страници кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола..
Ви препорачуваме да ја прочитате нашата политика за приватност и да ги искористите информациите со цел да донесете одлуки кои се темелат на информираност. Ве молиме имајте предвид дека одредени информации, изјави, податоци и содржини (како што се фотографии) кои ќе ги објавите на интернет-страницата, најверојатно може да го откријат Вашиот пол, етничка припадност, националност, возраст, и/или други лични информации за Вас. Вие прифаќате и сте согласни дека објавувањето на таквите информации е доброволно и со ваша согласност. Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во политиката за приватност.
Овој Договор може да се менува само преку писмена измена потпишана од овластен извршен директор на ИТАС или со објава од ИТАС на ревидирана верзија.
Преовладувачката страна во постапка со цел да се спроведе овој договор има право на трошоци и адвокатски хонорари. Доколку некој дел на овој Договор се смета за неважечки или неприменлив, само тој дел ќе се толкува со цел да ја одрази оригиналната намера на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и ефект.
ИТАС може да ги пренесе своите права според овој Договор без услови. Договорот ќе биде обврзувачки и потоа, и ќе биде во сила во корист на потписниците, нивните наследници и назначени лица.
Се согласувате дека: а) Graphicdesign интернет-страницата ќе се смета исклучиво со седиште во Република Македонија; и б) Graphicdesign интернет-страницата ќе се смета за пасивна интернет-страницата која не подлежи на други надлежности, ниту специфични, ниту општи, освен надлежностите во Р. Македонија. Овие услови се регулирани со интерни закони на Република Македонија, без оглед на нивниот судир со законските принципи.
За било какво тврдење или спор меѓу вас и ИТАС, кое целосно или делумно произлегува од Graphicdesign интернет-страницата, одлучува исклучиво надлежниот суд со седиште во Скопје, Р. Македонија. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки е изрично исклучена. Условите за користење, заедно со политиката за приватност и секоја друга правна норма објавена од нас на интернет-страницата, ќе го сочинуваат целосниот договор меѓу вас и ИТАС во врска со Graphicdesign интернет-страницата. Ако некоја одредба од условите за користење се смета за неважечка од страна на надлежниот суд, невалидноста на таквата одредба не влијае врз валидноста на останатите одредби од условите на користиње, кои ќе останат во полна сила и ефект. Откажувањето од некој од условите нема да се смета за постојано откажување од таквиот услов или од некој друг услов. Неможноста ИТАС да потврди право или одредба од овие услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие и ИТАС се согласувате дека даден спор кој би произлегол од или е поврзан со Graphicdesign интернет-страницата мора да започне во рок од една (1) година по појавување на причината за спорот. Во спротивно, таквиот спор ќе биде трајно забранет.
Вие не можете да ги пренесете вашите права или обврски кои произлегуваат од овој договор на некој друг без наша претходна писмена согласност.
Доколку за некој дел на овој договор се утврди дека е неспроведлив, остатокот ќе биде во полна сила и ефект.
Доколку не успееме да спроведеме некој дел од овој договор, тоа нема да се смета за откажување од тие услови.
Ние го задржуваме правото, во било кое време и од време на време да ја менуваме или прекинеме, привремено или постојано, услугата (или некој нејзин дел) со или без претходна најава. Вие се согласувате дека Graphicdesign нема да бидат одговорен кон вас или кон трета страна за некоја промена или прекин на услугата.
Ние не сме одговорни ако некое електронско известување биде фатено од страна на вашиот спам филтер и Вие не сте го виделе; ако сте ни дале погрешна е-адреса (или не сте ја ажурирале вашата е-адреса) или ако постојат други проблеми при комуникацијата кои би го спречиле стигнувањето на е-пораката до Вас. Поради тоа, Ве охрабруваме често и периодично да ја посетуваате оваа страница и да ги следите сите промени. Употребата на, или пристапот до услугата, откако ќе бидат објавени промени кон овој Договор, во исто време претставува и прифаќање на тие промени.
Прашања, коментари, предлози, идеи, одговори или други информации дадени од Ваша страна („коментари”) не се доверливи и со тоа ни давате глобална, постојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за репродукција, прикажување, извршување, дистрибуирање, објавување, модифицирање, уредување или користење друг начин, според нас соодветен, за комерцијални и/или некомерцијални цели, според нашето сопствено убедување.
Може да воспоставиме општи практики и ограничувања во врска со просторот и користењето на услугата и да ги менуваме од време на време со или без известување.
Условите се исто така важечки и за време на употребата на услугата во пробниот период.
Вие потврдувате дека Вашата земја на престој е иста со адресата на вашата платежна адреса.
Без противречност на било што друго содржано во овие Услови, доколку ја користите интернет-страницата и/или услугите во име на друг субјект, Вие потврдувате дека сте целосно овластени да ги прифатите овие услови во име на субјектот, и дека тој субјект се согласува да Ве обесштети Вас и Graphicdesign доколку има прекршување на условите.
Ние и нашите соработници не гарантираме дека услугата, како и содржините или интернет-страницата се соодветни или достапни за употреба во сите географски локации. Доколку ја користите интернет-страницата, услугата или содржините надвор од Македонија, самите сте одговорни за почитувањето на сите важечки закони, вклучувајќи ги, без ограничување и прописите за извоз и увоз на други земји.
Во иднина, преку интернет-страницата може да понудиме нови услуги и/или можности (вклучувајќи и нови производи и ресурси). За избегнување на недоразбирања, сите нови функции и/или услуги се исто така предмет на условите на овој Договор.
Ве молиме, имајте предвид дека интернет-страницата моментално е во БЕТА-верзија и дека е во период на тестирање. Во согласност со ова, ги прифаќате условите за користење и знаете и се согласувате со можните софтверски грешки на услугата, со можните прекини при работата или со можното нефункционирање на интернет-страницата согласно со неговата намена или дизајн. Прифаќањето на условите и користењето на услугата во оваа фаза значи дека вие имате разбирање за тоа и согласност да учествувате во БЕТА-тестирањето на услугата.