Што е Графички Дизајн? – Дефиниција, Елементи и Принципи

Sto e Graficki dizajn? Што е Графички Дизајн?
Што е графички дизајн?

Многу луѓе мислат дека знаат што е графички дизајн. Го поврзуваат со билборди, логоа, списанија, видео игри и векторска графика. Но што точно значи? Тоа е професија, но и форма на уметност – израз на визуелна естетика. За оние што преферираат прецизни дефиниции, еве ја основната графички дизајн дефиниција:

Дефиниција за графички дизајн

Што е графички дизајн? Графички дизајн е уметност на визуелна комуникација, која комбинира слики, текст и идеи за пренесување порака или постигнување посакуван ефект. Со други зборови, тоа е комуникациски дизајн – начин на визуелно пренесување идеи.

Но верувајте ни, графичкиот дизајн не е црно-бел концепт. За целосно разбирање на концептот на графички дизајн, важно е да имате солидно разбирање на елементите и принципите кои го сочинуваат дизајнот.

Елементи на дизајн

Елементи на графички дизајн

За подобро разбирање на графичкиот дизајн, треба да ги познавате неговите елементи на дизајн. Овие елементи се основа за создавање на секој успешен дизајн:

  1. Линија – Основен дизајнерски елемент кој ја формира структурата и ја води визуелната комуникација.
  2. Форма – Дводимензионални геометриски, органски или апстрактни облици кои создаваат визуелна рамнотежа.
  3. Боја – Боја во дизајн се користи за привлекување внимание и пренесување емоции.
  4. Типографија – Типографија во дизајн вклучува избор на фонтови, големина и растојание за ефективна комуникација.
  5. Текстура – Дава визуелен и тактилен впечаток, збогатувајќи го дизајнот.
  6. Големина – Одредува хиерархија и создава визуелен интерес.
  7. Простор – Празнините меѓу елементите ја нагласуваат содржината и додаваат баланс.
Принципи на дизајн

принципи на графичкиот дизајн

Принципи на дизајн ги упатуваат дизајнерите како да ги организираат елементите за да создадат ефективна композиција:

  • Баланс – Баланс во дизајн се постигнува преку симетрични или асиметрични распоредувања на елементите.
  • Усогласување – Создава визуелна поврзаност помеѓу сите дизајнерски елементи.
  • Близина – Групира сродни елементи за да се минимизира визуелниот неред.
  • Повторување – Осигурува конзистентност и ја зајакнува визуелната порака.
  • Контраст – Истакнува клучни елементи и создава фокус.
Графички дизајн алатки

алатки за графички дизајн

Графичкиот дизајн постојано еволуира со масовната дигитализација во светот во кој што живееме. Само поради тоа што овие процеси се менуваа со текот на годините, не значи дека дизајнерите сè уште не се служат со традиционални начини за работа, како што се моливот и хартијата.

Повеќето графички дизајнери користат хибриден процес кој ги вклучува традиционалните и дигиталните технологии. Обично дизајнерите го започнуваат процесот на дизајнирање со скицирање на одредени концепти со молив и лист хартија. Потоа кога ќе достигнат одреден степен, се префрлуваат на компјутер, таблет или лаптоп и го прецртуваат веќе изработениот дизајн на напредни софтвери (Фотошоп, Илустратор, Корел, Скеч итн).

Видови графички дизајн

Графичкиот дизајн е разновиден и опфаќа многу области, вклучувајќи:

  • Корпоративен дизајн (визуелен идентитет на компаниите)
  • Маркетинг дизајн (рекламни материјали)
  • Публикациски дизајн (книги, списанија)
  • Веб дизајн (комбинација на графички и функционален дизајн)

Доколку имате потреба од помош во било која од овие области, секогаш сме тука за вас. Можете да нѐ контактирате тука.

UX дизајн

UX дизајн

Што точно означува UX? UX дизајн (User Experience) познат како кориснички дизајн, се заснова на подобрувањето на корисничкото искуство со одредени производи, предмети, апликации или пак, одредени веб страници. Овој специфичен вид на дизајн се фокусира на структурата и логиката на елементите со кои корисниците комуницираат. UX дизајнерите постојано работат на подобрување на употребливоста на одреден производ, пристапноста и интеракцијата на корисниците со производот, со цел максимизирање на задоволството на корисниците. Ова се прави со вршење на темелни анализи на употребливоста одкако производот ќе излезе во јавност.

 UI дизајн

UI дизајн

Што точно означува UI? UI дизајн (User Interface) односно дизајн на кориснички изглед, или кориснички интерфејс, се однесува на интерактивните елементи на дизајнот. Овој вид на дизајн бара одлично разбирање на потребите на корисниците, бидејќи се фокусира на предвидување на тоа што корисниците би требало да направат на одредена апликација или пак веб страница, за тие опции да бидат современо имплементирани. Овие елементи вклучуваат работи како менија кои се спуштаат, копчиња, известувања, модерни графички елементи, итн. Во основа UI дизајнот ја проширува дефиницијата на графичкиот дизајн. Дизајните кои имаат било каква интерактивност спаѓаат под UI дизајн, дури и ако се тука вклучени статични слики.

Сега кога ги разјаснивме различните видови на графички дизајн, да разјасниме уште едно навистина важно прашање:

Што е графички дизајнер?

Да поедноставиме, графичките дизајнери се визуелни комуникатори и решавачи на проблеми.

Оваа дефиниција можеме да кажеме дека важи за сите видови на графички дизајн, бидејќи како што напоменавме, постојат огромен број на правци во графичкиот дизајн. Преку оваа дефиниција можеме да разбереме дека графичките дизајнери всушност треба да ја разберат психологијата на нивните целни клиенти, а одкако ќе го направат тоа, тогаш треба да го приспособат нивниот дизајн кон таа целна група. Тогаш можеме да кажеме дека дизајнот ќе успее да го одвлече нивното внимание или пак да искомуницира со нив.

Но да ги поедноставиме работите, доколку изберете да работите како графички дизајнер, вашите работни позиции би биле:

  • Работа во одредени индустрии како консултантски дизајнер
  • Брендирање на компании и агенции
  • Работна позиција како графички дизајнер во било која компанија
  • Работење од дома (Фриленсер графички дизајнер)
Агенциски графички дизајнер

агенциски графички дизајнер

Многу компании ангажираат агенции за графички дизајн за да се справат со нивните потреби. Значи доколку работите како агенциски графички дизајнер, ќе добивате креативен извештај од компаниите за одредени проекти за многу различни брендови. Ваквиот тип на графички дизајнер се очекува да биде вистински експерт за дизајн и да знае да ги преземе сите потребни работи во свои раце. Значи навистина треба да имате искуство и талент за да можете успешно да водите ваков вид на проекти. Често пати, ваквиот вид на графички дизајнери се специјализирани само во одредени области во графичкиот дизајн.

Внатрешен графички дизајнер

Во оваа ситуација вие сте вработен како графички дизајнер во одредена компанија и ваша цел е промоција и брендирање на истата Дали тоа ќе бидат нејзини производи, услуги не е важно. Во оваа ситуација, може да се каже дека сте генералист. Работите буквално се што и е потребно на компанијата. Верувам дека ќе бидете способни да ги задоволите сите креативни работи кои и се потребни на компанијата.

Фриленсер или самостоен графички дизајнер

Работењето како слободен графички дизајнер е најверојатно најтешката опција од сите досега набројани. Не само што треба да се справи со сите барања на клиентите, туку исто така они се директно одговорни за пронаоѓањето на нови клиенти, постојано и постојано. Буквално за да успеете на овој начин потребно е да бидете – “One Man Army”. Потребно е да имате солидни познавања и во дигиталниот маркетинг за пронаоѓање на нови клиенти или пак да бидете човек со огромен број на контакти.

Имате потреба од Графички дизајн?

Графичкиот дизајн е повеќе од естетика – тоа е стратегија за ефективна комуникација. Ако ви требаат креативни решенија, контактирајте нè. Ние сме тука да го подигнеме вашиот визуелен идентитет. Погледнете што изработуваме: Графички дизајн.

Scroll to Top