Современ веб дизајн е процес на создавање на визуелно привлечни и функционални веб страници. Со добра изработка на веб страница, можете да го презентирате вашиот бизнис пред милиони корисници. Современ веб дизајн вклучува креирање на модерна веб страница која изгледа професионално, е лесна за користење и брзо се вчитува.
Денес, веб страница не е луксуз, туку неопходност за секој бизнис. Интернетот годишно се пребарува милијарди пати, а тоа се можности кои ги губите доколку немате веб страна. Добрата веб страница привлекува корисници, ги задржува и ги претвора во клиенти.
Што е Веб Дизајн?
Дизајнот е процес на собирање на креативни и иновативни идеи кои на естетски начин се имплементираат за одредена цел. Веб-дизајнот е сличен процес само во оваа ситуација тоа се прави на малку подруг начин. Со креирање на електронска веб страница се презентираат одредени содржини со цел да бидат достапни за нашите целни клиенти. Секој што сака да пристапи до одредена веб страница потребни му се интернет конекција и веб пребарувач.
Има стотици начини за креирање на веб страница. Може да се направи со помош на кодирање, (HTML , CSS, JavaScript, Python, MySQL…), или пак со помош на готови платформи, како што се (WordPress, Joomla, Drupal, Wix, Magento). Убедливно најдобра и најпопуларна од сите е WordPress, бидејќи нуди можност за креирање на најразлични типови на веб страници и има едноставен CMS (content management system) систем за менаџирање.
Елементи на успешен веб дизајн
Распоред
Веб страницата треба да биде организирана така што корисниците лесно ќе ја пронајдат потребната информација. Распоредот треба да биде интуитивен и пријателски за корисниците.
Бои
Усогласувањето на боите е клучно за модерен веб дизајн. Изберете бои кои ја одразуваат вашата бренд-идентичност и се пријатни за гледање.
Графика
Фотографиите, иконите и видеата ја подобруваат визуелната привлечност на веб страницата. Сепак, важно е графиката да биде оптимизирана за брзо вчитување.
Фонтови
Користењето на веб-безбедни фонтови, достапни преку “Google Fonts,” овозможува конзистентност на сите уреди и пребарувачи. Кликнете за фонтовите тука
Содржина
Квалитетната содржина е основа на секоја успешна веб страница. Секој текст треба да биде јасен, концизен и релевантен за корисниците. Оптимизираните содржини помагаат веб страната да биде полесно пронајдена преку пребарувачите.
Навигација
Архитектурата, менијата и другите алатки за навигација во веб дизајнот треба да бидат креирани согласно со тоа како корисниците пребаруваат и прелистуваат на веб страниците. Целта е на корисниците да им се олесни целиот процес на пребарување и да можат секогаш лесно да ја пронајдат содржината или услугата која ја бараат.
Зошто да изберете услуги за современ веб дизајн?
Веб дизајн услугите нудат професионални решенија за изработка на веб страница која ќе го зголеми вашиот онлајн успех. Компаниите кои се специјализирани во оваа област можат да изработат модерна веб страница која ги исполнува вашите деловни цели.
Како да започнете со изработка на веб страница?
- Одберете домен и хостинг: Доменот го претставува вашиот бренд, додека хостингот е местото каде ќе се чува вашата веб страница.
- Изберете платформа: WordPress е најпопуларната платформа за изработка на веб страници поради својата флексибилност и леснотија за користење.
- Планирајте го дизајнот: Одлучете како ќе изгледа и функционира вашата веб страна.
SEO оптимизација
Веб страницата треба да биде квалитетно SEO оптимизирана за на повеќе веб пребарувачи, како што се: Google, Bing, Yandex итн. На овој начин може да се зголеми бројот на посети на веб страницата. SEO оптимизација е комплексен процес кој опфаќа огромен број на чекори. Затоа е најпаметно доколку ви е потребна веб страница, а немате никакво знаење во таа област, да ангажирате професионална компанија која навистина знае како да искреира веб страница која ќе ја зголеми вашата продажба.
Како може добар современ веб дизајн да го подобри вашиот бизнис?
Со модерна веб страница која е брза, естетски привлечна и оптимизирана за пребарувачи, ќе го зголемите бројот на клиенти и продажбата. Контактирајте професионална компанија за веб дизајн услуги и започнете ја трансформацијата на вашиот бизнис денес.
Ние во „Арт Дизајн Студио“ креираме веб страници кои изгледаат одлично, функционираат беспрекорно и ги зголемуваат вашите шанси за успех. Нарачајте веб страница која ќе го промени вашиот бизнис!